Италијанската фудбалска федерација објави извештај за трошењето на италијанските клубови за агентни услуги во 2019 година.
Вкупно, клубовите во Серија А платиле 187,8 милиони евра на посредници и агенти, што е за 16,3 милиони повеќе отколку во 2018 година. Оваа сума не вклучува исплати на самите играчи на нивните агенти, кои за наведениот период изнесувале 13,6 милиони.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Јувентус плати најмногу меѓу италијанските клубови за агенти – 44,3 милиони евра. Уште три клуба потрошија повеќе од 10 милиони евра за посреднички услуги – Интер (31,8 милиони евра), Рома (23,2 милиони евра) и Милан (19,6 милиони евра).
Најголем дел од оваа сума завршила во џебовите на Мино Раиола и Жорге Мендеш и нивните соработници.
Клубовите во Серија Б за 2019 година платиле на агентите 19,4 милиони евра, од кои речиси една третина се од Емполи кој искеширал шест милиони.