Дома Топ вести Клоп ја сака скапоцената ѕвезда на Реал Мадрид

Клоп ја сака скапоцената ѕвезда на Реал Мадрид

Шпанските медиуми објавија дека Ливерпул е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Орилиен Чуамени.

Клоп на лето ќе прави реконструкција на средниот ред, заминуваат Кеита, Милнер и Окслејд-Чемберчлејн, па приоритет ќе биде доведување квалитетни играчи за врска.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тимот од „Енфилд“ ќе се обиде со сите сили да го доведе 23-годишниот Французин, кој минатото лето пристигна во Мадрид за 80 милиони евра.

Французинот сезонава настапи на 35 натпревари за „кралевите“ во сите натпреварувања, запиша 3 асистенции, па впечатокот е дека од него очекувањата беа поголеми.

Реал е заинтересиран да го доведе Белингам, но сепак тешко е да се поверува дека ќе се откаже од Чуамени после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…