Јирген Клоп сака да го засили нападот на Ливерпул, а позната е најголемата трансфер желба.
Главна цел на „црвените“ за следната сезона е доведување на врвот напаѓач, а прв избор е Џонатан Дејвид од Лил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а Клоп верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Канаѓанецот на лето влегува во последната година од договорот и Лил е спремен да го продаде за 40 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Ливерпул.
Меѓутоа, „црвените“ ќе мора да ја победат конкуренцијата бидејќи за Дејвид силен интерес покажува и Милан.
🚨Liverpool are monitoring the situation of Lille's 23-year-old Canadian striker Jonathan David. 🇨🇦 🔴 #LFC 🔴 #LOSC pic.twitter.com/gtpSc7cB42
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) October 19, 2023