Дома Фудбал Англија Клоп се огласил за можноста да ја води Барселона

Клоп се огласил за можноста да ја води Барселона

Јирген Клоп на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул и многу се пишува за тоа кој клуб би бил негова следна дестинација. Според каталонските медиуми, Барселона сигурно нема да биде.

Во јавноста претходно се појавија информации дека Клоп би можел да го наследи Чави кој исто така ќе замине по завршувањето на сезоната.  Сепак познатото „Catalunya“ радио пренесува дека Германецот ја отфрлил можноста да седне на клупата на Барселона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Клоп на 26. јануари објави дека заминува од Ливерпул, додека Чави тоа го направи два дена подоцна.

Клоп на клупата на Ливерпул пристигна во 2015 година и од неговото доаѓање клубот освои седум трофеи меѓу кои Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд, Лигата на шампионите,  Суперупот на Европа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…