Дома Фудбал Англија Клоп прослави јубилеј: 200 победи на клупата на Ливерпул

Клоп прослави јубилеј: 200 победи на клупата на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпук, Јирген Клоп стана само петиот менаџер во историјата на англискиот гигант кој стигнал до 200 победи. Тоа го оствари со вчерашната победа против Атлетико.

На Клоп да дојде до оваа бројка потребни му беа 334 натпревари. Пред Клоп со вакво нешто можат да се пофалат Кени Даглиш (222), Боб Пајсли (307), Том Ватсон (329) и Бил Шакли (407). На кормилото на „црвените“ Германецот дојде и до титулата во Лигата на шампионите, а лани по три децении му ја донесе на Ливерпул шампионската титула во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Освен тоа треба да се спомене дека Ливерпул е во серија од 25 натпревари без победа (18 победи, 7 реми) и така го изедначија клупскиот рекорд уште од 1893 и 1982 кога два пати имаа ваква серија. Во следниот натпревар ќе имаат можност да постават клупски рекорд за историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што ќе се случи со Исак? Ливерпул подготвува понуда, но Њукасл не попушта

Шведскиот напаѓач Александар Исак би можел да стане најголемата приказна во последните ден…