Вирџил ван Дијк е само почеток на големата револуција која Клоп ја спрема за следната сезона. Германецот и раководството имаат јасен план – да се направи шампионски тим за следната сезона.
Следното лето Кутињо сигурно ќе го напушти „Енфилд“ бидејќи впечатокот е дека Бразилецот веќе се засити во Ливерпул и сака по секоја цена да ја промени средината. Покрај него сигурно заминува и Емре Чан, на кого му истекува договорот на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Наби Кеита кој сигурно пристигнува на „Енфилд“, Клоп сака да ја убеди и младата ѕвезда на Шалке, Леон Горецка да го избере Ливерпул. Него следното лето му устекува договорот со Шалке, а интерес за неговиот потпис покажуваат многу европски гиганти.
Втората трансфер цел на „црвените“ е Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој оваа сезона блеска во дресот на Лацио. Србинот е трансфер цел на најголемите европски гиганти, а Ливерпул нема да жали пари и е спремен да плати 120 милиони евра за неговиот потпис.
Што се однесува до офанзивниот дел замена за Кутињо би требало да биде францускиот репрезентативец Томас Лемар. Крилниот фудбалер на Монако минатото лето не се пресели во Арсенал, но се чини дека од следната сезона ќе го гледаме во Премиер лигата.
Тимот од „кнежевството“ е спремен да преговата за негова продажба, а „црвените“ се спремни да платат 100 милиони евра и сакаат да го комплетираат трансферот пред почетокот на Мундијалот.
Доколку навистина успеат да ги обезбедат овие три засилувања и да го задржат Мохамед Салах, „црвените“ со сигурност следната година ќе можат да атакуваат на титулата во Премиер лигата на која чекаат 29 години.