Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп очекува многу нешта да се случат до крајот на зимскиот преоден рок, но ја отфрли можноста неговиот клуб да донесе замена за Филипе Кутињо.
Бразилецот на почетокот на овој месев се пресели во Барселона, па медиумите лецитираа со неколку имиња како негов наследник, пред се Томас Лемар од Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу нешта ќе се случат на трансфер пазарот во следните денови. Ќе видиме што ќе се случи овде, но сигурно е дека нема да донесеме замена за Кутињо во овој преоден рок. Не треба да мислиме да замениме некого, туку да ги искористиме нашите можности, играчи, тактика и целиот тим“, изјави Клоп.
„Проблемот што не победивме на последните два меча не беше во нашата игра, туку на друго место. Не мислам дека Кутињо ако беше тука можеше многу да ни помогне во оваа ситуација. Решението за нашиот проблем не е во трансферниот пазар“, заклучи Германецот.