После првиот натпревар на „Енфилд“ кој заврши без погодоци вечерва на „Алијанц Арената“ во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите Ливерпул го победи Баерн со 1:3 и се пласираше во четвртфиналето.
Ливерпул прв стигна до предност преку Мане, за потоа Баерн да изедначи откако Жоел Матип си постигна автогол, така првото полувреме заврши со по еден гол на двете страни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто Ливерпул одигра одлично, постигна два гола и заслужено стигна до победата со која обезбеди и место во следната фаза.
„Второто полувреме одигравме навистина зрело. Во првото требаше да играме повеќе фудбал. Во моментите кога игравме фудбал го уништувавме Баерн. Оваа победа е апсолутно заслужена“.
„Во дефанзивата не игравме добро како што тоа беше случај во досегашните гостински натпревари во Лигата на шампионте, но денес и тоа го одработевме добро. Во ваквите натпревари секогаш ќе има грешки, но морате да останете во игра и да се обидете да го контролирате она што можете“, изјави Клоп после натпреварот.
Ливерпул противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Барселона и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.
Интересно е што после подолго време во четвртфиналето ќе гледаме четири англиски екипи.
https://www.youtube.com/watch?v=R0E6VL6Q4FU