Нејмар е голем играч и тоа јасно, неговите фудбалски квалитети не се спорни, но во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека бразилската ѕвезда се служи со премногу актерство.
Ливерпул и ПСЖ ќе се сретнат во групната фаза од Лигата на шампионите, а пред овој натпревар за Нејмар зборуваше тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина сигурно баш и нема да веруваат дека тоа навистина го мисли за ѕвездата на ПСЖ.
„Не сум сигурен дека глуми. Го гледав на Мундијалот, сите зборуваа за тоа дека премногу драматизира, но неговите реакции се сосема нормални. Противниците навистина го удираат и тој сака да се заштити. Го разбирам. Разбирам како е од негова преспектива“.
„Ако противникот добие жолт картон тогаш е поблиску до црвен. Тоа е паметно од негова страна да се спаси, па така не треба да се грижиме за тоа (глумата на Нејмар)“, изјави Клоп кој потоа истакна дека според него Нејмар не бил спремен за Мундијалот.
„Зборуваме за фантастичен фудбалер. Не беше физички спремен за Светското првенство, но таквите играчи никој не ги прашува. Доколку беше спремен, Бразил ќе ја победеше Белгија во четвртфиналето, тоа е едноставно“, заврши Клоп.