Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим може да продолжи да освојува трофеи без да потроши многу пари на засилувања ова лето.
Клоп уште еднаш потврди дека Ливерпул нема да има голем буџет за трансфери ова лето и не пропушти шанса да ги „пецне“ клубовите кои трошат големи суми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во моментов живееме во многу несигурен свет. За некои клубови тоа не изгледа многу важно, бидејќи се во сопственост на цели држави или олигарси. Тоа е вистината. Ние сме различен клуб од нив“, изјави Клоп.
„Игравме две финалиња во Лигата на шампиони. Минатата сезона станавме шампиони. Мислам дека можеме да продолжиме со успеси и без да трошиме големи суми за трансфери“, додаде Германецот.
? "We're a different kind of club"
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) September 9, 2020
? #LFC manager Jurgen Klopp defends the club's caution in the transfer market compared to title rivals "owned by countries and oligarchs".
?⚽ https://t.co/QfaBGi407M#bbcfootball pic.twitter.com/NYKYUkRMkN