Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп го објави списокот за финалето: Фирмино конкурира за настап – има и едно изненадување

Клоп го објави списокот за финалето: Фирмино конкурира за настап – има и едно изненадување

Ливерпул е спремен за големата борба во Киев!

Чекаа навивачите на Ливерпул стрпливо Јирген Клоп да го објави списокот од 24 играчи за финалето во Лигата на шампионите и конечно дочекаа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јирген Клоп објави листа од 24 играчи кои ќе конкурираат за стартните 11, но и резерви за претстојната борба за европската титула.

Веројатно најголемото изненадување е враќањето на Емре Чан кој поради повреда е надвор од терените уште од март, а сега ќе има прилика на Клоп да му покаже дека е спремен големиот предизвик.

Интересно е и што Чан е приклучен на тимот иако првиот оперативец на Јувентус, Бепе Марота објави дека Германецот пред Мундијалот ќе потпише договор со Јувентус.

Списокот на Клоп од 24 играчи:

Кариус, Мињоле, Клајн, Ван Дијк, Ванијалдум, Ловрен, Милнер, Фирмино, Салах, Хендерсон, Клаван, Морено, Мане, Лалана, Чан, Робертсон, Ингс, Соланке, Филипс, Џоунс, Ворд, Вудбурн, Камачо, Александар Арнолд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона со нов чекор кон привлекувањето на Бастони

Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандр…