Дома Македонски спорт Мак ракомет Кире Лазаров е позитивен на коронавирус!

Кире Лазаров е позитивен на коронавирус!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е позитивен на Ковид 19,  потврди попладнево неговиот матичен клуб Нант.

Француската прволигаш во соопштението наведе дека тестирањата извршени во понеделникот пред мечот со Целје од Лигата на шампиони покажале присуство на коронавирус кај Кире Лазаров и Адрија Фугуерас.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поради ваквата ситуација ЕХФ соопшти дека француско-словенечкиот дуел се одложува. Засега не е одреден нареден термин кога ќе се одигра средбата.

Лазаров, според информациите, немал никакви симптоми, но се наоѓа во изолација според протоколот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…