Дома Топ вести Кинезите бараат инвеститори – Ова е најлошото сценарио за Милан!

Кинезите бараат инвеститори – Ова е најлошото сценарио за Милан!

Дали над Милан се појавуваат нови проблеми?

Овие денови во Италија актуелна е веста дека сопственикот Јонгхонг Ли, бара инвеститори и сака да продаде околу 25% од акциите, а проблемот е долгот од 308 милиони евра како и каматите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како и „Санинг“, иако не на ист начин и Ли зависи од конгресот КП Кина кој треба да ги  даде насоките за вложување во странство, поточно инвестициите поврзани со фудбалот.

Но, Ли нема директна поддршка од Пекинг и како што пишува „Либеро“ владата би можела да побара од фондовите „Хуаронг“ и „Халакси“ да ги вратат парите во земјата. Тие во конзорциумот на Ли вложија околу 200 милиони евра, па сега од Пекинг би можеле да добијат наредба истите да бидат повлечени.

Без тие пари и ако не успее да пронајде инвеститори кои ќе му го платат долгот кон фондот „Елиот“ од 308 милиони евра кои ги позајми при купувањето на клубот, Ли нема да успее да одржи финансиска контрола и практично Милан ќе заврши во сопственост на инвестициониот фонд.

Потоа, во најлошото сценарио би можел да заврши на аукција, а како тоа ќе се одрази на работењето не е тешко да се претпостави.

Да потсетиме тој го купи клубот за околу 740 милиони евра, сметајќи ги и наследните долгови од околу 200 милиони евра. Поради тоа мораше да зима позајмици бидејќи не можеше во целост да му исплати на Берлускони, токму поради продажбата се одложуваше со месеци.

На крајот „Елиот“ му даде позајмица, но сега дојде времето тие пари да се вратат. Како и да е октомври би требало да даде одговори на многу прашања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…