Дома Фудбал Англија Кин: Кога ќе видам кој е капитен на Арсенал се ми е јасно!

Кин: Кога ќе видам кој е капитен на Арсенал се ми е јасно!

Поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин со своите коментари само го дотолчи Арсенал по синоќешниот дебакл во Минхен и поразот 5:1 од Баерн.

„А што очекувавте? Секако дека не сум изненаден! Навистина очекувавте дека ваков тим ќе оди во Минхен и таму ќе забележи позитивен резултат“, вели Кин.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


„Говорев за нивните проблеми и во минатото. Недостаток на лидер, карактер, желба за победа, глад за играта.Тие едноставно не се доволно добри за ова ниво на Лигата на шампионите“, заклучи Кин.

„Мислам дека не треба многу да ги критикувате бидејќи тие едноставно не се доволно добри. Па во целиот тим има само двајца пристојни фудбалери. Сите останати се просечни. Кога ќе го видам Кирон Гибс со капитенската лента, јасно ми е какви проблеми има Арсенал“, додаде легендарниот Ирец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атомско дерби со осум гола и без победник во Милано🎥

Интер и Јувентус одиграа спектакуларно дерби за кое долго ќе се зборува, видовме дури 8 го…