Дома Фудбал Репрезентации Кимих разочаран: Би пропаднал во земја…

Кимих разочаран: Би пропаднал во земја…

Германската репрезентација во групната фаза го заврши настапот на Мундијалот во Катар.

Германците го зазедоа третото место во групата Е зад Јапонија и Шпанија и ќе мора да се вратат дома вторпат во низа по само три натпревари на Светското првенство.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германија вчера во последното коло од групната фаза ја совлада Костарика со 4:2, но поради победата на Јапонија над Шпанија од 2:1 не обезбеди место во осминафиналето.

Еден од најискусните играчи во тимот на „панцерите“, играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих, во изјавата по натпреварот истакна дека испаѓањето од Светското првенство му паднало многу тешко.

„За мене ова е најлошиот ден во мојата кариера. Би пропаднал во земја. На крајот помислувам дека овие неуспеси се поврзани со мене“, вели Кимих.

Репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година, но не се прослави на следните три големи натпреварувања.

На ЕП 2016 испаднаа во полуфиналето, на СП 2018 веќе во групната фаза, додека на минатогодишното ЕУРО испаднаа во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …