После точно 574 дена Вардар го предаде тронот. Нов европски шампион е екипата на Кил, која во финалето беше подобра од Барселона(33:28).
Барселона беше голем фаворит пред финалето и без пораз повеќе една година, но Кил го сруши митот за непобедливост на Каталонците.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Предводени од фантастичниот Никлас Ландин на голот, германскиот шампион водеше во текот на целото прво полувреме и дојде до четири гола разлика 13:9.
Во второто полувреме, Барселона не успеа ниту да израмни за на крајот да биде поразена со пет гола разлика.
Никлас Екберг со осум и Сандер Сагосен со седум гола беа најефикасни кај Кил, додека за Барса најефикасен беше Алекс Абелјо.