Дома Фудбал Италија Киелини: Ќе го разберев Бонучи ако заминеше во Реал, но во онаков Милан?

Киелини: Ќе го разберев Бонучи ако заминеше во Реал, но во онаков Милан?

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини не престанува да привлекува внимание со својата автобиографија.

Киелини со својата автобиографија ја разбранува јавноста откривајќи интересни детали, а сега го коментираше заминувањето на неговиот соиграч Бонучи во Милан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тоа беше грешна одлука на Бонучи бидејќи тој не беше мирен со самиот себе си. Лео беше растргнат поради неколку причини и не можеше да донесе правилна одлука. Тоа се случи во неделите кога не се гледавме и не можев да влијаам на неговата одлука“.

„Ќе го разберев ако заминеше во Реал Мадрид, но во онакој Милан? За среќа, судбината сакаше после една година се да дојде на свое место. Тој направи грешка и ја призна, Јувентус е најдоброто место за него“, истакна Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еди Хау нема да се врати толку брзо: Њукасл без главниот тренер и во наредните два натпревари

Англискиот прволигаш Њукасл Јунајтед објави дека нивниот менаџер Еди Хау (47) се опоравува…