Дома Фудбал Италија Киелини уште две години во Јувентус

Киелини уште две години во Јувентус

Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини во моментов е слободен агент, но сигурно ќе ја продолжи кариерата во Јувентус.

Иако се очекуваше 37-годишниот дефанзивец да потпише договор на една година, сепак „бјанконерите“ одлучиле да му понудат двегодишен договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Новиот тренер Масимилиано Алегри го сака Киелини во својот тим, па дефанзивецот ќе се приклучи на подготовките на 2-ри август, бидејќи е на одмор после ЕП.

Во следните денови ќе бидат договорени сите детали и Киелини ќе стави потпис на двегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во „војната“ во мак-фудбалот се вмеша и Новески: Време е за нови лица, лични битки и фрустрации не носат ништо добро!

Како да нема крај на реакциите во македонскиот фудбал, последен кој се огласи сега е Никол…