Дома Фудбал Италија Киелини се повлече од италијанската репрезентација

Киелини се повлече од италијанската репрезентација

Ветеранот Џорџо Киелини официјално потврди дека се повлекува од италијанската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


37-годишниот дефанзивец има 116 натпревари за „аѕурите“, но откако Италија не успеа да избори пласман на Мундијалот, реши да се повлече од репрезентацијата.

Киелини планира да го отстапи местото на помладите и последниот натпревар ќе го одигра против Аргентина на „Вембли“.

„Ако сум здрав, ќе играм и ќе се збогувам со националниот тим на „Вембли“, каде го доживеав и најубавиот момент во кариерата“, изјави Киелини.

Дефанзивецот се уште не донел одлука дали ќе стави крај на кариерата или ќе продолжи уште една сезона во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот губитник во Арсенал по доаѓањето на Бруно Гимараеш, куферите се веќе спакувани

Арсенал пред неколку дена го официјализираше доаѓањето на Бруно Гимараеш на Емиратес, но с…