Дома Фудбал Италија Киелини: Роналдо минатата година беше ограбен поради Реал

Киелини: Роналдо минатата година беше ограбен поради Реал

Лионел Меси минатата година ја освои шестата Златна топка во кариерата и сега повеќе не е изедначен со Кристиано Роналдо кој остана на пет.

„Франс Фудбал“ вчера му ја додели престижната награда на Меси и Аргентинецот сега играчот со најмноги вакви признанија во кариерата, шест.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Роналдо не присуствуваше на доделувањето, бидејќи се појави на гала вечерта во Милано каде што се делеа наградите за најдобри во Италија.

Соиграчот на Роналдо од Јувентус, Џорџо Киелини смета дека Роналдо минатата година бил ограбен.

„Роналдо минатата година беше навистина ограбен кога Реал Мадрид се погрижи да не го освои тоа признание. Со сета почит кон Модриќ кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата, тој не ја заслужи Златната топка. Реал го запре Роналдо да ја освои шестата Златна топка“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саутгејт: Го разбирам критиките, но сега доаѓа главното

Англија со една победа и две нерешени ја заврши групната фаза, па иако се пласира во осмин…