Џорџо Киелини продолжи да открива интересни детали од неговата автобиографија.
Откако беше прилично жесток кон Марио Балотели и поранешниот соиграч Фелипе Мело, и прилично искрен кон Артуро Видал на ред дојде актуелниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Маурицио е прилично затворена личност и не дозволува многу да му се доближите. Единствена работа која кај него никој не може да ја промени е неговата зависност од цигари. После разговор со него во канцеларија морате да се истуширате ако не сакате да смрдите на цигари“, искрен е Киелини.
За тренерското знаење на Сари имаше само пофалби.
„Секогаш сака да биде перфектен. Бара 100% поседн а противничката половина. Секако тоа е утопија, но веројатно благодарение на таа негова особина стигна онаму каде што е денес“, смета стоперот на „старата дама“.