Дома Фудбал Останато Кејлор Навас платил 220.000 евра за да избега од Париз

Кејлор Навас платил 220.000 евра за да избега од Париз

После Нејмар, Тиаго Силва и Кавани, кои го напуштија Париз поради коронавирусот и се вратија во своите татковини, истото го направи и Кејлор Навас.

Бившиот голман на Реал Мадрид сфати дека ситуацијата во Париз излегува од контрола, па направил се за да се врати во Костарика.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„ЕСПН“ пренесува дека 33-годишниот голман со приватен лет на 27-ми март го напуштил Париз и се вратил во Костарика, а тоа го чинело 220.000 долари.

Навас, според правилата ќе мора да остане сега 14 дена во изолација, а истото го чека и кога повторно ќе се врати во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…