После двете победи во лигата Кемниц на Ѓорги Кочов кој е асистент во овој клуб продолжи со успешните настапи и во германскиот куп.
Денес во осминафиналето во еден неизвесен натпревар Кемниц славеше против Ратиофарм Улм. Натпреварот од почетокот до крајот беше неизвен ниту една екипа не успеваше да направи посериозна разлика, а на крајот Кемниц славеше со 87:85.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ќе потсетиме во претходните два натпревари во првенството Кемниц забележа две победи. Прво против Олденбург на отварањето на сезоната, а потоа и на гости против Хамбург. Засега Кочов во новата сезона има биланс „три од три“, сметајќи го овој куп на натпревар.