Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во квалификациите за ЕП 2020.
Уште една одлична, пред се борбена партија прикажаа избраниците на Ангеловски, а тоа го призна и селекторот на словенците, Матјаж Кек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дадовме гол во вистински момент, но потоа Македонците не пресекоа на стартот на вториот дел. После тоа тие го смирија темпото, треба да бидеме поитри во такви ситуации. Резултатот е реален, во добар дел од мечот игравме доста лошо, имаше грешки кои ме налутија. Македонија е многу активна и воиграна, тоа се виде на теренот. Ќе морам да најдам и други играчи за да ја надоградиме селекцијата. Имавме поголема желба за овој натпревар, но конечниот резултат е реален.“ – изјави Кек.