Познато е дека Жозе Мурињо не остава нерасчистени сметки со своите колеги, па не чекаше долго да му врати на Јирген Клоп.
Менаџерот на Ливерпул пред неколку дена „се закачи“ со Жозе Мурињо и го обвини Манчестер Јунајтед дека му помагаат судиите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа во неколку наврати сезонава Германецот се пожали дека силниот ветар му смета на неговиот тим.
„На многумина ќе им биде смешно, но ветарот имаше влијание врз нашата игра“, изјави Клоп.
Мурињо синоќа после пласманот во финалето од Лига купот на „Вембли“ веднаш му возврати на својот колега.
„На Вембли знае да биде ветровито. Ќе имаме проблем во финалето“, истакна „Специјалниот“.