Неделата која изминува сигурно е една од најлошите кога во прашање се резултатите на германските клубови во Европа.
Неверојатно звучи податокот дека сите шест екипи кои играа во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ги загубија своите натпревари, а притоа постигнаа само два погодоци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се започна во вторникот со поразот на Борусија Дортмунд од Реал Мадрид на домашен терен со 1:3, а заврши со вчерашните натпревари во Лигата на Европа, во кои порази запишаа екипте на Херта, Хофенхајм, Келн и Лајпциг, додека во средата Баерн Минхен беше декласиран од ПСЖ со резултат 3:0.
Херта запиша пораз од Оестерундс со 1:0, Лајпциг со 2:0 загуби на гостувањето против Бешикташ, Келн на домашен терез претрпе пораз од Црвена Звезда со 0:1, а Лудогорец го совлада Хофенхам со 2:1.