Дома Фудбал Англија Касерес на нови прегледи, овој пат во Англија!

Касерес на нови прегледи, овој пат во Англија!

Откако ја одби понудата на Милан бидејќи не беше задоволен од финансискиот дел, Мартин Касерес веднаш најде нов клуб и замина на прегледи во Англија.

Касерес ги помина медицинските прегледи во Милан и кога се очекуваше да потпише, ангажманот пропадна поради неуспехот да се договорат личните услови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега 29-годишниот дефанзивец пристигна на медицински прегледи во Англија и доколку се биде во ред би требало да потпише договор со Саутемптон.

Касерес е без клуб од минатото лето кога му заврши договорот со Јувентус, а покрај Милан претходно му пропаднаа трансферите во Трабзонспор и Фиорентина бидејќи не ги помина медицинските прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…