Дома Фудбал Италија Касано: Роналдо е големо промашување за Јувентус

Касано: Роналдо е големо промашување за Јувентус

Антонио Касано е познат како некој кој нема влакна на јазикот, па жестоко ја искритикува најголемата ѕвезда на Јувентус, Кристиано Роналдо.

Касано често дава интересни коментари во медиумите, а сега реши да го критикува Португалецот и рече дека неговото доаѓање во Јувентус е големо промашување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Има уште една година од договорот и Јувентус го донесе за да ја освои Лигата на шампионите. Сепак, тие имаат најлоши резултати во ова натпреварување откако тој дојде. Ќе ги освоеја тие две титули во Серија А без него. Доаѓањето на Роналдо е големо промашување“, истакна Касано.

Јувентус во осминафиналето од ЛШ загуби во првиот меч од Порто со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдена лоша вест: Барселона без Рафиња и во потенцијалното полуфинале на Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мор…