Дома Фудбал Италија Касано: Им кажав во Милан дека Манџукиќ нема да им помогне

Касано: Им кажав во Милан дека Манџукиќ нема да им помогне

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано кој еден дел од кариерата помина во Милан очекувал доведувањето на Марио Манџукиќ во јануари да биде погрешен потег.

На „Сан Сиро“ се надеваа дека искусниот хрватски напаѓач во тандем со Златан Ибрахимовиќ ќе биде клучна алка во освојувањето на Скудетото, но долгото неиграње оставило трага.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Манџукиќ е единствена мана на Милан. Им кажав дека тој нема да им помогне, мораа да доведат сигурен и здрав напаѓач кој ќе постигнува голови кога ќе го нема Ибрахимовиќ. Каиседо според мене беше идеална опција за Милан. Вака кога го нема Ибра Пиоли мора да ги прекомандува Леао и Ребиќ на местото класичен центарфор што е позиција која не им одговара“, изјави Касано.

Од доаѓањето на „Сан Сиро“ Манџукиќ одигра пет натпревари и се уште не се запишал во листата на стрелци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпански „АС“: Модриќ му понуди на Реал три предлози за да остане

Лука Модриќ овој викенд последен пат ќе игра пред навивачите на Реал Мадрид. Иако ќе биде …