Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано зборуваше за Суперлигата и во таа порака побара трите италијански клуба кои се дел од основачите на новото натпреварување да бидат исфрлени од Серија А.
Касано јасно стави дека е апсолутно против ваквите „лиги на богати“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не можам ниту да замислам таков турнир. Големите треба да разберат дека фудбалот не е само нивни, малите не можат да се остават само така на страна. Во оваа ситуација најправилно е Интер, Милан и Јувентус да се исфрлат од Серија А. Нека си играат во нивна лига па ќе видиме што ќе се случи. Федерацијата мора да се спротистави, како и останатите во другите земји. Не смее да се дозволи 12 клубови, кои да се да го водат фудбалот“, порача Касано.
Истото од федерацијата го побараат и најголем дел од клубовите од Серија А на вчерашниот состанок.