Серхио Агуеро денес и официјално кажа „збогум“ на фудбалот поради здравствените проблеми со кој се соочува.
Само што пристигна во Барселона ова лето Агуеро мораше да се прости со фудбалот. 33-годишниот Аргентинец низ кариерата има за што да биде горд, остави длабока трага во модерната фудбалска историја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кун на 785 натпревари постигна 424 голови. Освои шест Лига купови, пет во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Европа, два пати беше шампион на светот за играчи до 20 години. Потоа УЕФА Суперкуп, Копа Америка, олимписко злато со Аргентина од 2008 година. На СП У20 ја освои Златнатата копачка за најдобар стрелец, како и Златната топка за најдобар играч во првенството.
Освои скоро се што можеше да се освои, му недостасува Лигата на шампионите до која најблиску беше минатата сезона во која во финалето неговиот Сити изгуби од Челзи.
Sergio Agüero's career by numbers:
— Squawka Football (@Squawka) December 15, 2021
◉ 786 games
◉ 427 goals
🏆 6x League Cup
🏆 5x Premier League
🏆 2x U20 World Cup
🏆 UEL
🏆 FA Cup
🏆 Super Cup
🏆 Copa América
🥇 Olympic Gold
🏅 U20 WC Golden Boot
🏅 U20 WC Golden Ball
🏅 PL Golden Boot
🏅 Golden Boy
Kun. 👑 pic.twitter.com/L1BlbdAXPw