Реал Мадрид вчера го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите кога во последното коло од најелитното клупско натпреварување изгуби од ЦСКА Москва 0:3.
Солари за овој натпревар на терен се одлучи шанса да им даде на некои млади играчи, а Дани Карвахал кој беше капитен на Реал во овој дебакл најкритичен беше токму кон помладите колеги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред три недели зборувавме дека младите играчи кои растат во Реал можат без проблеми да го носат дресот на првиот тим, но се покажа дека не заслужуваат место во првиот тим на Реал. Фрустрирани сме поради домашниот пораз, но завршивме први во групата и тоа е најважно“, изјави Карвахал.
Уште еден инцидент го обележи вчерашниот натпревар, а тоа е наводното одбивање на капитенската лента од страна на Иско. Шпанецот поради тоа доби свирежи од трибините.