После порзот од Ливерпул, Џејми Карагер вели дека не верува дека Манчестер Сити ќе заврши меѓу првите четири тима на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поразот на „Енфилд“ беше четврти оваа сезона за Сити, а тимот на Гвардиола сега заостанува цели 10 бода зад водечкиот Челзи.
Моментално „граѓаните“ се петти на табелата, а зад нив е Манчестер Јунајтед со само три бода помалку, но и одлична форма.
„Мислам дека за повеќето од нас на почетокот на сезоната Сити беше прв фаворит. Но, доколку предвидуваме сега кој ќе биде меѓу првите четири тима, јас тука не го гледам Сити“, истакна Карагер.
„Причината е јасна.Она што Сити го има во нападот и средниот ред е можеби најдоброто што постои во Премиер лигата. Но, дефанзивната линија е под нивото за Топ 4, можеби се за Топ 8. Мислам дека во продолжение на сезоната сите тимови ќе успеат да ја најдат нивната слаба точка“, заклучи Карагер.