Дома Фудбал Италија Капитенот покажа големина: Де Роси со порака на српски му искажа поддршка на Коларов (ФОТО)

Капитенот покажа големина: Де Роси со порака на српски му искажа поддршка на Коларов (ФОТО)

Капитенот на Рома застана во заштита на соиграчот.

После вербалниот судир пред натпреварот во Фиренца, Александар Коларов беше на мета на навивачите на Рома.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во близина на неговиот дом се појавија навредливи пораки. Таквите работи се случуваа затоа што Коларов им порача на навивачите да не зборуваат за работите кои не ги разбираат.

Со денови српскиот фудбалер добива навреди на друштвените мрежи и навивачите на Рома брзо заборавија дека дербито на Рим го одигра со скршен прст, а воедно и постигна погодок.

Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси преку социјалните мрежи застана во одбрана на Коларов и тоа со порака на српски јазик.

„Брате мој“. Напиша капитенот на Рома под сликата на Коларов на Инстаграм и така јасно покажа што мисли за навредите од навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …