На екипата на Рома не оди на почетокот од сезоната, а лошата форма донела и проблеми во соблекувалната.
Медиумите пренесуваат дека во претходните денови Де Роси влегол во конфликт со Брајант Кристанте и Џанлука Манчини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инцидентот се случил на тренингот на Рома каде фудбалерот му забележал на една изгубена топка велејќи дека таква грешка би чинела примен гол. Таквата критика Кристанте не ја примил најдобро и започнала жестока расправија. Медиумите пренесуваат дека малку фалело да дојде и до физичка пресметка.
Со Манчини, Де Роси во расправија влегол по натпреварот со Каљари кој заврши без победник. Во тунелот фудбалерот кој е вотр капитен му замерил за одредени одлуки, едната била и оставањето на Дибала на клупата. Иднината на Аргентинецот во тие моменти беше неизвесна.
Во првите две кола Рома освои само еден бод и во третото ја чека натпревар со Јувентус кој е единствен тим со две победи, но и без примен гол.