Шпанска „Марка“ пишува дека „Лисиците“ испратиле понуда до шпанскиот гигант и таа најверојатно ќе биде прифатена.
Како што стојат работите, Севиља ќе се откаже од услугите на својот капитен, Висенте Ибора, за 14 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека Ибора има 29 години и враќањето на Евер Банега овој трансфер изгледа сосема нормално.
Ибора во претходните четири сезони одигра 170 официјални натпревари за клубот од Андалузија и постигна 30 погодоци, пто е импресивна бројка за играч кој игра на позицијата последен играч за врска.
Во Лестер се надеваат дека со неговото доведување конечно би ја затвориле дупката во средината која настана после заминувањето на Канте во Челзи.