Денес репрезентацијата на Македонија заминува за Египет каде што утре го стартува Светското првенство.
Македонија вчера ја доби веста дека ќе игра на СП на местото на Чешка која го откажа учеството поради голем број позитивни случаи на коронавирус. Ракометарите пред тргнувањето утрово беа во ист во хотел со одбојкарите кои денес имаат важен меч со Турција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Таа прилика ја искористи капитенот на одбојкарите Никола Ѓоргиев кој се сретна со Столе, Кире, Филип…и им посака среќа.