Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев освои шампионска титула во Словенија каде што неговиот АЦХ Волеј дојде до пехарот без ниту еден пораз во сезоната.
Тимот на македонскиот капитен до победата деј во третиот меч од плеј-офот во финалето со Калцит Волеј кој го доби со 3:1. Од трибините Ѓоргиев имаше поддршка и од поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски кој подолго време живее во Словенија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоргиев треба да биде предводник на македонската репрезентација на Европското првенство кое се игра во Македонија во салата „Борис Трајковски“.