Евентуален ваков трансфер сигурно би предизвикал големо внимание на Пиринеите.
Барселона сака да го засили средниот ред и тоа е јасно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пристигна Артур од Гремио, но се бара и некој кој ќе може да се вклопи во стилот на игра на Барса.
Први желби беа Рабио од ПСЖ и членот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган.
Свесни се Каталонците дека тоа нема да иде така лесно, па сега се свртија кон домашниот пазар и „фрлија око“ на играчот на Валенсија, Дани Парехо, тврди „Ас“.
Капитенот на Вленсија игра како препороден после контроверзиите надвор од теренот во претходните години, а минатата сезона беше еден од најзаслужните за пласманот на својот тим во Лигата на шампиони.
Успеа да се избори и за повик во репрезентацијата на Шпанија.
Интересно е што 29 годишниот Шпанец потекнува од академијата на Реал Мадрид, дури и запиша пет настапи за првиот тим на „кралевите“.
Дани Парехо на трансфер пазарот е проценет на околу 18 милиони евра, но Валенсија сигурно ќе сака да извлече поголема сума.