Капитените на тимовите во Примера денес имаа средба на која изразија општо незадоволство од договорот, потпишан од Ла Лига за играњето на натпревари од шампионатот во САД и Канада.
Договорот кој е во важност од цели 15 години беше потпишан во четврток, но од Асоцијацијата на професионални фудбалери во Шпанија изјавија дека никој не ги прашал за нивно мислење, пред да договорот да стане факт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитените на сите екипи кои годинава ќе учествуваат во Ла Лига донесоа одлука да се стапи во бојкот доколку не се почитуваат нивните барања.
„Луѓето мора да сфатат што се случи. Ла Лига донесе одлука без да се консултира со никој релевантен поради тоа. И тоа каква одлука? Баш ние во следните 15 години да помагаме за популарноста на фудбалот во Америка. Па, самиот начин на носењето на таа одлука покажува недостаток на почит“, изјави меѓу другото претседателот на Синдикатот на шпански фудбалери, Давид Аганцо.
The 20 Primera División captains are to issue a statement on Wednesday in protest against LaLiga's plans to stage official games in the USA: https://t.co/IvGCv7fNnA pic.twitter.com/MnE2toGUhs
— AS English (@English_AS) August 21, 2018