Фабио Капело ги даде своите очекувања пред големото дерби во Италија.
Вчера Марко Матераци, Раџа Наинголан го спореди со Дејан Станковиќ, а денеска Фабио Капело истакна дека Мауро Икарди го потсетува на легендарниот Батистута.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се разбира, го прокоментира и големото дерби кое се игра вечерва од 20:30 часот.
„Росонерите имаат проблеми во одбраната, а Интер е многу опасен во нападот. Милан ќе мора да биде многу внимателен. Никогаш не можете да дадете предвидувања пред дерби, затоа што тој натпревар е од одвоен од остатокот на сезоната и има своја атмосфера. Статистиката не одлучува, туку одлучноста и мотивацијата“, изјави Капело.
Двата тима имаат Аргентинци во нападот. Интер го има Икарди, а Милан Игуаин.
„Икарди ме потсетува на Габриел Батистута. Не игра толку многу надвор од шеснаесетникот, но е смртоносен во него. Знае да шутира како ретко кој во светот и е добар во воздух“.
Игуаин?
„Го познавам добро Игуаин, пристигна со мене во Реал Мадрид 2006. година. Му требаше време да созрее, но вредно работеше и се виде дека има квалитет во завршницата. Мило ми е што градот Милано може да ужива во играта на вакви два напаѓачи“, изјави Капело.
Ќе видиме вечер кој повеќе ќе се докаже од овие два напаѓачи.