Португалскиот фудбалер Жоао Кансело во зискиот преоден рок го напушти Манчестер Сити и се пресели во Баерн Минхен на позајмица, но сега и во Минхен Португалецот не е задоволен.
Според информациите кои пристигнуваат од германските медиуми, Кансело не е задоволен од својот статус во тимот на Јулијан Нагелсман затоа што не е прв избор во најважните натпревари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Кансело не играше во првиот натпревар против ПСЖ, потоа го немаше ниту во дербито со Унион Берлин, а не играше ниту на последниот првенствен натпревар против Штутгарт.
Претходно, ќе потсетиме тој го напушти Сити по информации дека влегол во расправија со тренерот Пеп Гвардиола.