Многу европски клубови ги продадоа правата на имињата на своите стадиони, па се чини дека на ред дојде и Барселона.
Според зборовите на претседателот на Каталонците, клубот е во преговори со две-три компании за продавање на правата на името на стадионот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Го продолживме спонзорскиот договор со Беко и следниот чекор се разговори за продажба на правата на името од стадионот. Планираме комплетна реконструкција на стадионот, но не само на стадионот, туку и на овој дел од градот. Преговараме со две-три компании кои ќе ни донесат половина од планираната инвестиција“, откри претседателот Жозеп Бартомеу.
Реконструкцијата на „Камп Ноу“ ќе чини околу 500 милиони евра, но тоа не е единствената причина за ваквата одлука на раководството.
„Една од задачата на клубот е да ги задржиме парите секоја година и да ги реинвестираме во играчи и клупски имот“, додаде Бартомеу.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!