Дома Видео Камерите го снимија говорот на Зидан пред натпреварот против Аталанта 🎥

Камерите го снимија говорот на Зидан пред натпреварот против Аталанта 🎥

Реал Мадрид вчера на гостински терен ја победи Аталанта со 1:0 во првиот натпревар од оснминафиналето во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ многу ослабени отпатуваа во Бергамо, но и покрај тоа успеаа да победат со 1:0. Одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш од натпреварот кога Менди го постигна единствениот гол на натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медиуми денес објавија видео од тренинг на Реал од Бергамо на ден пред натпреварот.

„Сакам да се однесувате како ова да е наш домашен терен. Во последно време играте добро. Знаем дека имаме квалитет да направиме се како што треба. Правете се што правите вообичаено, тоа е се. Утре размислувајте позитивно, немојте да размислувате за реваншот. Борбата започнува утре на овој терен“.

„Натпреварот играјте го како да нема реванш. Добро напредуваме, играме како екипа. Мораме да се браниме како екипа тоа е најважно. Ќе биде важно цела екипа да се однесува како еден стопер. Ако успееме во тоа ќе бидеме наградени во нападот“, зборуваше Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Родриго добил понуда сам да пише колку пари сака, но со неговиот потег ги остави сите без зборови

Бразилскиот фудбалер Родриго доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Ал-Наср му понуд…