Дома Фудбал Камавинга на 20 години веќе ги освои сите трофеи со Реал

Камавинга на 20 години веќе ги освои сите трофеи со Реал

Играчот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга веќе ги освои сите можни трофеи кои можат да се освојат со еден клуб.

Тоа стана факт синоќа откако Камавинга ја комплетира колекцијата со трофејот во шпанскиот Куп после победата над Осасуна во финалето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Интересно е што Камавинга тоа успеа да го направи на само 20 години и тоа за нецели 2 години откако е на „Сантиаго Бернабеу“.

Тој во својата колекција веќе има титула во Примера, титула во Лигата на шампиони, Суперкуп на Шпанија, Куп на Шпанија и Светско клупско првенство.

Камавинга може да се пофали и со освоен Куп на Франција со Рен , како и Лигата на нации со француската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…