Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања.
Денес Ивановски го совлада шестиот носител на турнирот, Тимо Лего со 2:1 во сетови. Доминираше Французинот во првиот сет кој го доби со 6:2, но потоа следуваше доминација на Македонецот кој со 6:1 и 6:0 ги доби наредните два сета и се пласираше во четвртфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.
Коментари