Дома Македонски спорт Мак фудбал Калид се врати во Ѓорче!

Калид се врати во Ѓорче!

Македонскиот прволигаш, Македонија Ѓорче Петров во своите редови го врати напаѓачот Калид Басит Абдул, фудбалерот од Гана кој во дресот на „лавовите“ ја помина полусезоната во 2020/2021.

Одличниот напаѓач одигра 14 натпревари во ПМФЛ за Македонија Ѓорче Петров во тој период и постигна седум гола, додавајќи три асистенции.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во Ѓорче, Калид се враќа од Есперанс де Тунис, а го носеше дресот уште на Шериф Тираспол и Ал-Тадамон.

Враќањето на Калид во таборот на „лавовите“ очекуваат да биде сериозна аквизиција за вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…