Холандскиот менаџер Ерик тен Хаг немаше најдобри односи со Португалецот Кристијано Роналдо, а по неговото заминување од клупата на „црвените ѓаволи“ сe oбјавија нови детали за нивниот однос.
Тен Хаг уште од почетокот на неговиот престој во Јунајтед јасно стави до знаење дека португалската суперѕвезда нема да има голема улога во неговиот тим поради неговата возраст и неможноста да изврши притисок врз противничките одбрани.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со оглед на неговите минати достигнувања во фудбалот и неговото его, Роналдо не беше задоволен со својот статус и на крајот сето тоа доведе до раскинување на договорот, а подоцна трансфер во Ал Наср.
Во еден натпревар (против Тотенхем) Роналдо одби да влезе во игра откако беше оставен на клупата за резерви, а сега инсајдерот на Роб Доусон објави како бил казнет Португалецот.
Поголемиот дел од соиграчите се согласиле дека Роналдо погрешил, но исто така сметаат и дека Тен Хаг претерал со казната. На Роналдо прво му било кажано да не тренира со првиот тим, а потоа доживеал понижување кога вработените на стадионот не му дозволиле да влезе во соблекувалната по наредба на Тен Хаг.
Португалскиот ас требало да влезе во соблекувалната за да земе одредени свои работи, но на крајот истите му биле донесени од друг фудбалер.
За многумина таквото однесување на Тен Хаг било само непотребно понижување. Роналдо набрзо потоа го даде и интервјуто за Пирс Морган во кое не криеше дека е разочаран од холандскиот стратег.