Леброн Џејмс игра одлично и оваа година, посебно во плеј-офот.
Во регуларниот дел од сезоната Леброн стигна до бројката од 27 поени, девет асистенции и девет скокови по натпревар, за во плеј-офот да го подигне своето ниво на игра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Леброн на 10 натпревари во плеј-офот просечно на паркетот поминува по 41 минута, постигнува 34.8 поени, а има уште 9.5 скокови, 8.8 асистенции, 1.5 украдена топка и една блокада по натпревар.
Многумина си го поставуваат прашањето како да се запре Леброн, а сега одговор даде легендарниот Коби Брајант.
„Пред мората да го запрете да оди лево. Секој шут од поголема далечина кој тој го погоди доаѓа од левиот влез. Тој е одличен кога оди во дриблинг со лева рака, се подгивнува и шутира. Поради тоа прво што би направил јас е да го сопрам да оди на левата страна. Морате да го приморате да прави нешто друго освен да оди на лево“, изјави Брајант.