Дома Македонски спорт Мак ракомет Какво финале за Митревски: Ниту со 15 одбрани не му донесе трофеј на Порто

Какво финале за Митревски: Ниту со 15 одбрани не му донесе трофеј на Порто

Македонскиот голман Никола Митревски имаше одлично издание во финалето од Купот на Португалија, но и покрај тоа неговиот Порто остана без трофеј.

Митревски во натпреварот во кој Спортинг славеше со 30:34 беше одличен од почетокот до самиот крај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Клучната предност Спортинг ја направи во првото полувреме кое го доби со 18:14, а во продолжение успеваше да ја одржи предноста.

На голот Митревски собра 15 одбрани, меѓутоа не се изрува на трофадејот. Ќе потсетиме, Митревски од наредната сезона ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер со кого веќе потпиша договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…